а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

право

мн. права
Вид збор: Именка, среден род
1. (само едн.) Систем од правила и норми што ги регулираат односите меѓу луѓето и односите кон општеството, востановени од страна на владејачката класа или државата.
Англиски: justice Албански: drejtësi
Употреба: Правда
Примери:
Римско право
Буржуаско право
2. Збир од закони и прописи што се однесуваат на државното уредување, општествениот живот и дејност.
Англиски: justice Албански: e drejtë
Употреба: Правда
Примери:
Кривично право
Наследно право
Уставно право
3. Она што му припаѓа на поединецот врз основа на законски одредби и прописи што ги гарантира државата.
Англиски: right Албански: e drejtë
Примери:
политички права
право на глас
право на школување
авторско право
станарско право
4. Можност, слобода да се постапува на определен начин.
Англиски: privilege Албански: e drejtë, privilegj
Примери:
Нема право да згреши.
Има право да одговори.
Има право на избор.
Тоа ми дава право да се борам до крај.
5. Законска основа, причина.
Англиски: reason Албански: arsye
Примери:
Со кое право го барате тоа од мене?
Со право барам дел од имотот.
Со право гледаме во него наш водач.
6. Наука што ги изучува правните норми.
Англиски: justice Албански: drejtësi
Употреба: Правда
Примери:
Студира право.
доктор по право
Изрази
Право на државјанство - право да стане државјанин на една земја.
Право на граѓанство - сите права и должности што ги има граѓанинот на една земја.
Има/нема право за (на) нешто - има/нема правна или морална основа за нешто (да направи, да присвои).
FlexiMac
 менување на македонски глаголи