а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

право

Вид збор: Прилог
1. По права линија, праволиниски.
Англиски: straight Албански: drejtë
Примери:
Одете само право и ќе стигнете.
Тргна право дома.
Седна право спроти него.
2. Директно непосредно, точно.
Англиски: direct Албански: saktësisht
Примери:
Гледаше право во нејзините очи.
Погоди право во целта.
Еве ме право овде.
3. веднаш, вчас
Англиски: immediately Албански: menjëherë
Употреба: Разговорно
Примери:
Сите право во кревет.
Ајде право на јадење.
4. исправено
Англиски: upright Албански: drejtë
Примери:
Ја напрчи опашката право нагоре.
Застана право како свеќа.
Право држи ја пушката.
5. Што е засновано на правда, на правина, праведно, правично.
Англиски: just Албански: i drejtë
Примери:
Така е право.
Постапи право.
Го поделија пленот како што е право.
6. Што одговара, што е според нечија желба.
Англиски: accordingly Албански: në përputhje
Примери:
Ако не ти е право, жали се.
Тој никогаш не се буни, сѐ му е право.
7. Што одговара на вистината, на реалноста, вистинито, точно.
Англиски: exactly Албански: saktësisht
Примери:
Да ви кажам право.
Никој право не знае што се случило.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи