а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

прави

прават
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Изработува, произведува (самиот или преку друг) нешто.
Англиски: make Албански: bëj
Примери:
Прави чевли.
Прави прозорци.
Прави куќа.
Ластовичката прави гнездо.
2. Во состав со разни именки означува исто нешто како и глаголот образуван од именка.
Англиски: do Албански: bëj
Примери:
Тој прави вежби секое утро.
Прави посета.
Прави услуга.
Прави шега.
Прави разговор.
Прави забелешка.
Прави разлика.
Прави планови.
3. Готви, меси, пржи и сл.
Англиски: prepare Албански: përgatit
Примери:
Таа правеше ручек за гостите.
Тој прави боза од пченкарно брашно.
Бабата ни правеше зелник.
4. Тестира, испрашува некого преку тест.
Англиски: make
Примери:
Утре правиме тест по физика.
Нашето одделение правеше контролна задача по математика.
5. Е причина за нешто.
Англиски: cause Албански: shkak
Примери:
Прави проблеми.
Прави штета.
Прави раздор.
6. Организира, приредува нешто.
Англиски: make Албански: organizon
Примери:
Прави свадба.
7. работи, се занимава, постапува
Англиски: make Албански: punon
Примери:
Што да правам сега?
Што правиш во недела?
Прави како што сакаш.
Нема друго што да правам.
Како си, што правиш?
8. Доведува некого во некаква состојба или положба.
Англиски: make Албански: sjell
Примери:
Таа го прави нервозен.
Вежбањето го прави млад.
Брадата го прави постар.
9. Подготвува, оспособува некого за нешто.
Англиски: prepare Албански: përgatit
Употреба: Разговорно
Примери:
Ќе го прават претседател на партијата.
Сакаше синот поп да го прави.
Те правам човек, а ти вака ми враќаш.
10. Претставува некого таков како што не е.
Англиски: pretend Албански: pretendon
Примери:
Ме правиш побогат отколку што сум.
Го правеше дека многу знае, ама не знаел.
Немој да ми го правиш голем мајстор.
Немој да ме правиш будала.
11. За возраст, години - има, полни, навршува.
Англиски: complete Албански: i plotë
Примери:
Денес син ми прави десет години.
Оваа зима правам триесет и три години.
До година правиме десет години брак.
12. За математички операции - пресметува, изнесува, чини.
Англиски: result
Примери:
Сето тоа прави илјада денари.
Три и три прават шест.
13. Влегува во состав, формира некоја целина.
Англиски: comprise
Примери:
Неговиот имот го прават куќата и лозјето.
14. (се прави) Се прикажува, се покажува во некаква состојба.
Англиски: pretend
Примери:
Се прави големец, а е никој и ништо.
Се прави улав.
Се прави важен.
15. (се прави) се преправа
Англиски: pretend
Примери:
Се прави како да не знае.
Се правеше дека спие.
Се правев дека не го слушам.
16. (се прави) Ми (ти, му, ...) се прави нешто, изразува желба да стори нешто.
Англиски: wish
Примери:
Му се правеше лозје на ридот.
Му се прави нова куќа.
Му се прави една прошетка по полето.
Изрази
Ми (ти, му, ...) прави чест - почитува некого.
Прави пат - дава предност некому, отстапува пред некого.
Прави лице - се преправа, глуми пред некого.
Прави политика - угодува некому поради лична корист.
Прави пари - добро заработува.
Прави здраво-живо - се поздравува.
Прави друштво - придружува, разонодува некого.
Прави сцена - се однесува непристојно, недолично.
Од конец ортома прави - преувеличува, од ситница прави голема работа.
Од готово прави рецесија - расипува веќе завршена работа.
И ноќта ден ја прави - работи неуморно, постојано.
Крвта вода не се прави - не може да се биде рамнодушен.
(Не) ми (ти, му,...) се прави ќеф - (не) ми причинува задоволство нешто.
Си прави Бајрам со умот - фантазира, се занесува.
Се прави на Тошо - се преправа дека не видел, дека не знае.
Тоа што го правиш на другите, тоа ќе ти го прават тебе.
Изведенки
правење ср.
Пример: правење деца
FlexiMac
 менување на македонски глаголи