а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

правилен

правилни
Вид збор: Придавка
1. Што се заснова на правило, што се однесува, се подведува под правило.
Англиски: correct Албански: i drejtë, i saktë
Примери:
правилен изговор
правилна промена
правилни форми
2. Што е таков како што треба, вистински, реален, точен.
Англиски: right Албански: i drejtë
Примери:
правилен одговор
правилна претпоставка
правилно решение
3. Што е рамномерен, ритмичен, изедначен.
Англиски: regular Албански: i rregullt
Примери:
правилно дишење
правилно удирање на срцето
4. Што задоволува одредени естетски критериуми и пропорции.
Англиски: regular Албански: i rregullt, i saktë
Примери:
правилен нос
правилни црти на лицето
5. Што има еднакви страни и агли.
Англиски: equal Албански: i drejtë
Употреба: Математика
Примери:
правилен триаголник
Изведенки
правилност ж.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи