а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

по

Вид збор: Префикс
1. Претставка / префикс за образување глаголи со значење на извршено дејство во мала мера, донекаде, малку или уште малку.
Примери:
побере, повари, повози, погрее
подржи, почека, послезе, постегне
2. Почеток на глаголското дејство.
Примери:
побуни, поведе, повлече, полета (авион и сл.)
потера, потрча (по некого, по нешто)
3. Извршеност на дејството.
Примери:
побара, повика (некого)
подели, покани, понуди, пофали
4. Дејство извршено по површината на нешто.
Примери:
погази, погали, покрие
полее, попрска, посипе, потури
5. Кога дејството се однесува на повеќе лица или предмети.
Примери:
полегне, посегне, поникне, попадне
потруе, посече, потепа (сите, сѐ)
6. Во состав на префиксиран глагол, означува дека дејството на првично префиксираниот глагол е извршено уште во некоја мера.
Примери:
подоближи, позаврзе, поизвади
поисплакне, понамести, поразгори
7. Кај глаголи образувани од именка или придавка означува промена, преминување во тоа што го значи именката или придавката од основата на глаголот.
Примери:
потурчи, покатоличи, поевтини
полуди, посвои
FlexiMac
 менување на македонски глаголи