а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

појде

појдат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Отиде, замине некаде.
Англиски: go Албански: shkoi
Примери:
Појдоа на пат.
Тој појде на работа.
2. Стигне некаде.
Англиски: arrive Албански: arrij
Примери:
Досега требаше да појде и да се врати.
3. Земе нешто за појдовна точка.
Англиски: assume Албански: supozoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Појде од погрешна претпоставка.
Во планирањето појдовме од досегашните резултати.
4. изгуби, исчезне, отиде
Англиски: disappear Албански: zhduket
Примери:
Во пожарот му појде куќата.
Со тој ум, и глава ќе ти појде.
5. (си појде) Си отиде, си замине (од каде пошол).
Англиски: leave Албански: largohet
Примери:
Не можеа повеќе да чекаат, си појдоа.
Тој ќе си појде дотогаш.
Изрази
Како дошло така пошло - на ист начин како нешто се создало така го снемало.
Му појде некому в уши - дознал нешто.
Му појде од рака - успешно извршува некаква дејност.
Појди-дојди - се шета, оди некаде и се враќа; залудно го троши времето.
Изведенки
појдува несв.
(си) појдуваат
FlexiMac
 менување на македонски глаголи