а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

поучи

поучат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Даде поука.
Англиски: teach Албански: jap mësim
Примери:
Со нив оди сине, поголеми се, ќе те поучат.
(нар. поез.) Поучи ме, сестро, што да правам.
2. (се поучи) Прими поука.
Англиски: learn Албански: mësim
Примери:
Се поучив од нивните грешки.
3. Учи малку, кратко време; учи друг.
Англиски: instruct Албански: udhëzoj
Употреба: Образование
Примери:
Нѐ поучи година време и го преместија.
4. Учи нешто.
Англиски: learn Албански: mësoj
Употреба: Образование
Примери:
Поучив француски.
5. Учи на училиште.
Англиски: learn Албански: mësim shkollor
Употреба: Образование
Примери:
Поучив некоја година, ме извади татко ми за на дуќан.
6. Учи малку.
Англиски: learn Албански: mësoj
Употреба: Образование
Примери:
Поучи уште малку, па ќе си играш.
7. (се поучи) Се учи малку.
Англиски: learn Албански: mësoj
Употреба: Образование
Примери:
Поучи се малку од постарите.
Изведенки
1. поучува несв.
(се) поучуваат
2. поучување ср.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи