а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

потфрли

потфрлат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Не исполни целосно, не оствари според планираното.
Англиски: fail Албански: dështoj
Примери:
Планираното производство потфрли.
2. Фрли нешто на одреден начин; недоволно фрли.
Англиски: throw Албански: hedh
Примери:
Потфрли ми едно шамивче да си го избришам носот.
Му потфрлил едно камче.
3. Дофрли некому нешто со потценување.
Англиски: throw Албански: hedh
Употреба: Преносно значење
Примери:
Стражарите ни потфрлија две парчиња леб.
4. Фрли, дофрли скришно.
Англиски: throw Албански: hedh
Примери:
Тој му потфрли писменце во ќелијата.
5. Дофрли зборови, каже нешто за некого.
Англиски: say Албански: tha
Употреба: Преносно значење
Примери:
Потфрли некој забор за мене.
Изведенки
1. потфрла несв.
потфрлаат
2. потфрлање ср.
глаг. им.
3. потфрлува несв.
потфрлуваат
4. потфрлување несв.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи