а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

потфати

потфатат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Фати од долната страна.
Албански: kap
Примери:
Го потфати грнето и го извади од пепелта.
2. Притисне, дофати (со тежина).
Англиски: squeeze Албански: shtrydh
Примери:
Машината му ги потфати прстите.
3. Почне, започне нешто.
Англиски: start Албански: filloj
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Ја потфати работата.
4. (се потфати) Се притисне со нешто.
Англиски: squeeze Албански: shtrydh
Примери:
Се потфати на машината.
5. (се потфати) Се закачи еден со друг (во кавга).
Англиски: brawl Албански: grindje
Употреба: Преносно значење
Примери:
Браќата се потфатија за имотот.
Изрази
Камен му ги потфатил нозете - не може да излезе од состојбата во којашто се наоѓа.
Изведенки
1. потфаќа несв.
(се) потфаќаат
2. потфаќање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи