а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

потстриже

потстрижат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Скрати коса, волна и сл.
Англиски: shear Албански: qeth
Примери:
Берберот лошо те потстригол.
Овчарите ги потстригоа овците.
2. Воведе некого во ред на црковни лица.
Албански: vendos rend
Употреба: Црковен термин
Примери:
Наума го потстригоа, името му го изменија во Инокентие.
3. (се потстриже) Си ја скрати косата кај бербер.
Англиски: have a haircut Албански: qethem
Примери:
Тој има чудна навика само еднаш годишно да се потстрижува и да сe бричи.
Тој се потстрижа на бербер.
4. (се потстриже) Влезе во монашки ред.
Албански: hyn në rendin murgesh
Употреба: Црковен термин
Примери:
Трајан се потстрижа во Лесновскиот манастир.
Изведенки
1. потстрижува несв.
(се) потстрижуваат
2. потстрижување ср.
глаг. им.
Пример: Се додека има овци, ќе има и волна за потстрижување.
3. потстригување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи