а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

потстегне

потстегнат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Стегне малку во мала мера.
Англиски: tighten Албански: shtërngoj
Примери:
Потстегни го обрачот.
2. Стегне со притискање.
Англиски: press Албански: shtyp
Примери:
Му ја потстегна раката.
3. Направи нешто да стане потврдо.
Англиски: harden Албански: ngurtësoj
Примери:
Со тоа ќе го потстегнеш.
4. Воведе поголем ред во нешто.
Албански: drejtoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ја потстегна дисциплината.
5. Присили некого на нешто.
Англиски: force Албански: forcoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Потстегни го, ќе каже.
6. (се потстегне) Се стегне малку околу себе.
Англиски: fasten Албански: shtërngoj
Примери:
Се потстегна со појасот.
7. (се потстегне) Стане малку потврд.
Англиски: harden Албански: shtërngoj
Примери:
Ќе почекате дури да се потстегне тестото.
8. (се потстегне) Стане поштедлив.
Англиски: pull together Албански: shtërngoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се потстегна околу парите.
Изведенки
1. потстегнува несв.
(се) потстегнуваат
2. потстегање ср.
глаг. им.
3. потстегнување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи