а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

потсече

потсечат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Пресече, отсече нешто одоздола или одозгора; поткине, скрати крај или врв на нешто.
Англиски: trim Албански: pres
Примери:
Си ги потсеков ноктите.
Тој ги потсече гранките на дрвото.
Косата му беше кусо потсечена.
2. Нагло пресече, прекине некој тек, на нешто.
Англиски: cut Албански: pres
Примери:
Ми ја потсече секоја надеж за живот.
Изрази
Му ги потсече крилјата - лиши некого од полна слобода, моќ; скроти, скрши нечиј отпор.
Нозете му (им, и) се пресекоа - стане неподвижен од страв или од голема возбуда.
Изведенки
1. потсекува несв.
потсекуваат
2. потсекување ср.
глаг. им.
3. потсечува несв.
потсечуваат
4. потсечување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи