а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

потресе

потресат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Предизвика силна возбуда; растрои, наруши ред, мир.
Англиски: shake Албански: tronditje
Примери:
Востанието ги потресе основите на робовладетелскиот поредок.
Штрајкот го потресе градот.
2. Силно возбуди, ужаси.
Англиски: horrify Албански: tmerroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Катастрофата го потресе светот.
3. Тресе малку, кратко време.
Англиски: shake Албански: tund
Примери:
Додека зборуваше, тој ја потресе главата лево-десно.
Го потресе малку, но му помина.
4. (се потресе) се растресе
Англиски: shake Албански: tund
Примери:
Од тоа целата земја ќе се потресе.
5. (се потресе) се вознемири, се возбуди
Англиски: alarm Албански: shqetësoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Народот се потресе од неочекуваната вест.
Изведенки
1. потресува несв.
(се) потресуваат
2. потресување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи