а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

потоне

потонат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Пропадне под површината на вода, исчезне под вода.
Англиски: sink Албански: fundoset
Примери:
Во една бура, бродот потонал.
Јадицата веднаш потона.
Парата потона на дното од бистрата вода.
2. Пропадне во нешто меко, мочурливо, калливо.
Англиски: drop Албански: batisë
Примери:
Рацете ѝ беа во тесто потонати.
Стапалата на татко му потонаа во меката земја.
3. Пропадне, исчезне, се изгуби.
Англиски: disappear Албански: zhduket
Употреба: Преносно значење
Примери:
Дворот потона во темнина.
Сонцето потона зад планината.
Тој беше потонат во долгови.
4. Дојде во некаква состојба, целосно се предаде на некаква работа, на некакво размислување.
Англиски: deepen Албански: thellohet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој потона во меланхолија.
Вечерта тој потона во длабок сон.
Тој потона во длабоки мисли, нешто го мачеше.
Изрази
Му потонале корабите (бродовите, гемиите) - (ирон.) се чувствува како да изгубил сѐ.
Вземи да потоне од срам - многу се засрами.
Изведенки
1. потонува несв.
потонуваат
2. потонување ср.
глаг. им.
Пример: Потонувањето на Титаник.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи