а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

поткрепи

поткрепат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Даде поткрепа, поддршка некому.
Англиски: support Албански: këshilloj
Примери:
Таа го погледна молбено, барајќи да ја поткрепи во расправијата.
2. Потврди нешто.
Англиски: acknowledge Албански: vërtetoj
Примери:
Тоа ќе го поткрепи со неколку примери.
3. Даде сила, зајакне.
Англиски: strengthen Албански: forcoj
Примери:
Сончевиот ден го поткрепи мојот оптимизам.
Како да сакаше со тоа да ѝ ја поткрепи верата во себе.
4. Потпре со нешто за да го направи поцврсто, посигурно.
Англиски: reinforce Албански: përforcoj
Употреба: Ретко
Примери:
Оградата ја поткрепија со талпи.
5. (се поткрепи) Врати сила, се оправи, оздрави; закрепне материјално.
Англиски: strengthen Албански: forcoj
Примери:
Седна да касне, да се поткрепи.
Изведенки
1. поткрепува несв.
(се) поткрепуваат
2. поткрепување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи