а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

поткачи

поткачат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Кaчи, дигне некого или нешто малку повисоко.
Англиски: lift Албански: rrit
Примери:
Го поткачи детето на столче за подобро да ја гледа претставата.
2. Зголеми, повиши малку цена.
Англиски: rise Албански: hip, rrit
Употреба: Економија , Ретко
Примери:
Летово ги поткачиja цените.
3. (се поткачи) Се качи, се искачи малку.
Англиски: climb Албански: ngjit, hip
Примери:
Таа се поткачи на дрвените скалички потпрени на ѕидот.
Тие тројца се поткачија на едно мало рамниште.
4. Упати остар збор, прекор, задре, предизвика некого.
Англиски: challenge Албански: kundërshtim
Примери:
Еднаш така носачите го поткачија и го предизвикаа на нов подвиг.
5. Удри, тресна, закачи некого.
Англиски: hit Албански: nguc, kap, godet
Употреба: Разговорно
Примери:
Тој малку го поткачи со чадорот.
Исчеткај ги со шамичево инаку ќе те поткачам.
Изведенки
1. поткачува несв.
(се) поткачуваат
2. поткачување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи