а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

поткастри

поткастрат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Искастри малку гранки на дрво.
Англиски: prune Албански: kij, krasit
Примери:
Тој ги поткастри гранките на овошката.
2. Исече, потсече, скуси малку нешто.
Англиски: shorten Албански: pres, shkurtoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој ги поткастрил мустаќите.
Летово таа ја поткастри косата.
3. Смали, ограничи малку нешто.
Англиски: cut Албански: pres, shkurtoj
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Владата го поткастри буџетот.
Таа му ги поткастри крилјата.
Изведенки
1. поткаструва несв.
поткаструваат
2. поткастрување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи