а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

потисне

потиснат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Притисне надолу со сета тежина.
Англиски: suppress Албански: shtyp
Примери:
Тежок товар го потисна.
2. Принуди некого под притисок да се тргне; истурка, помести назад, настрана.
Англиски: push Албански: shtyn
Примери:
Тие го потиснаа настрана насобраниот народ.
3. Одземе, ограничи слобода некому, угнете.
Англиски: oppress Албански: merr lirinë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Народот долго време беше потиснат.
4. Со напор задуши некакво чувство, мисла, желба во себе.
Англиски: suppress Албански: shuan
Употреба: Преносно значење
Примери:
Старецот ги потисна своите мисли.
Му надојде чудна смеа што ја потисна со силен напор.
Тој сакаше да го потисне стравот, но не можеше.
5. Истисне, замени некого или нешто.
Англиски: replace Албански: rivendos
Примери:
Новите зборови ги потиснуваат старите.
Оваа година го потисна својот стар противник.
Изведенки
1. потиснува несв.
потиснуваат
2. потиснување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи