а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

постојан

постојани
Вид збор: Придавка
1. Што се одвива постојано, без прекин.
Англиски: permanent Албански: i vazhdueshëm
Примери:
Тоа му беше постојана грижа.
Тоа можат да го направат само оние луѓе што се навикнале на постојана работа.
Денес имаме постојан пораст на цените.
2. Што трае подолго, што не е привремен.
Англиски: long-term Албански: i përhershëm
Примери:
Таа година тој доби постојана работа.
Тој беше поставен за постојан дописник од Париз.
Од него ја добивме твојата постојана адреса.
3. Што се извршува, што се случува многу често.
Англиски: regular Албански: i rregullt
Примери:
Во централната просторија се наоѓа постојана изложба на стари ракописи.
Тие беа постојани посетители на неговите концерти.
Темелноста и постојаниот труд се најважни за постигнување на резултатите.
4. Што не подлежи на промени.
Англиски: constant Албански: i përhershëm, i qëndrueshëm
Примери:
постојана величина
постојани коефициенти
5. Што е неизменлив во карактерот.
Англиски: unwavering Албански: i qëndrueshëm
Примери:
Нам ни треба постојан човек дома.
постојан карактер
постојана љубов
FlexiMac
 менување на македонски глаголи