а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

постигне

постигнат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Успее да направи нешто, да го здобие тоа кон кое се стремел.
Англиски: reach Албански: arrin
Примери:
Тој ја постигна целта.
Постигна два гола.
Денес сакаше да постигне рекорд на натпреварот.
Постигне добар резултат.
Сѐ што бараше, сѐ постигна.
2. Стекне, добие некаков степен на развој, големина, брзина и сл.
Англиски: achieve Албански: arrin
Примери:
Тој не може да ја постигне својата форма, почнува доста добро, но брзо се заморува.
Така е постигнат максимален визуелен ефект.
Возилото постигна голема брзина.
3. роди
Англиски: bear Албански: lind
Употреба: Народна поезија
Примери:
Постигнала машко дете.
4. (се постигне) се породи
Англиски: bear Албански: lindi
Употреба: Народна поезија
Изведенки
постигнува несв.
постигнуваат
FlexiMac
 менување на македонски глаголи