а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

постапка

мн. постапки
Вид збор: Именка, женски род
1. Извршување на некакво дејство; начин на дејствување.
Англиски: conduct Албански: veprim
Примери:
Тоа бара испитување на постапките на секој од нас одделно.
2. Начин на однесување спрема некого или нешто.
Англиски: behaviour Албански: sjellje
Примери:
Тој не се возбудуваше од нејзините постапки спрема него.
3. Водење на службени, судски предмети според точно утвреден ред.
Англиски: process Албански: procedurë
Употреба: Административен термин
Примери:
судска постапка
службена постапка
кривична постапка
FlexiMac
 менување на македонски глаголи