а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

поставка

мн. поставки
Вид збор: Именка, женски род
1. Тврдење, формулирана мисла што се изнесува како став.
Англиски: assertion Албански: pohim
Примери:
Сеедно од која поставка ќе тргнеме, тешко ќе се определиме за која и да е дефиниција на поезијата.
Теоретска поставка.
2. Основно правило, начело.
Англиски: thesis Албански: tezë, parim
Примери:
Поистоветувањето на мислата и битието е основна поставка на учењето на старогрчкиот филозоф.
3. Поставување на сцена, сценска обработка.
Англиски: staging Албански: vënie në skenë
Употреба: Сцена
Примери:
Постои сценска разбиеност во режисерската поставка.
4. Прикажување на уметнички или културно-историски предмети на изложба или во музеј според определен план.
Англиски: presentation Албански: prezantim
Употреба: Уметност
Примери:
Во музејот е изложена националната поставка на македонското современо сликарство.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи