а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

постави

постават
Вид збор: Глагол, свршен
1. Стави нешто на определено место или определена положба.
Англиски: install Албански: vendos
Примери:
Во каналот поставија жица за електрика.
2. Назначи некого за вршење определена должност, служба.
Англиски: appoint Албански: caktoj
Примери:
Тие одлучија да го постават за управител на гимназијата.
3. Намести, стави на определено место.
Англиски: set up Албански: ndërtoj
Примери:
Тој постави стража пред куќата.
Тој постави стапици во шумата.
Вечерта поставија заседа во селото.
4. Стави за разгледување, за решавање.
Англиски: post Албански: vendos
Примери:
Прашањето го постави за дискусија.
Проблемот не е поставен на дневен ред.
5. Организира сценска претстава.
Англиски: set up Албански: ndërton
Примери:
Авторот ја постави новата драма во МНТ.
6. основа, формира, создаде
Англиски: establish Албански: themelon
Примери:
Тие ги поставиле основите на словенската писменост.
7. Во состав на некои именки - изврши, оствари тоа што е означено со именката.
Англиски: set Албански:
Примери:
Постави рекорд.
Постави дијагноза.
8. (се постави) Заземе став, се стави во определен однос спрема средината (луѓето, појавите, настаните).
Англиски: behave Албански: qëndrim
Примери:
Не знаеше како да се постави во семејството.
Изведенки
1. поставува несв.
(се) поставуваат
2. поставување ср.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи