а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

послужи

послужат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Почести, нагости со јадење, пиење.
Англиски: serve Албански: shërbej
Примери:
Жената ги послужи со кафе и слатко.
Тој ги покани да седнат и ги послужи со вино.
2. Употреби, искористи нешто со некаква цел.
Англиски: use Албански: shërbej
Примери:
Тоа му послужи како повод сета вина да ја префрли врз нив.
Очевидно е дека за негова подлога имаат послужено различни текстови.
3. Служи малку, кратко време.
Англиски: serve Албански: shërbej
Примери:
Откако му послужи на царот, тој ја напушти службата.
4. (се послужи) Земе од тоа што е послужено.
Англиски: take Албански: shërbej
Примери:
Гостите се послужија со колачите.
5. (се послужи) Употреби, искористи.
Англиски: use Албански: shërbej, përdor
Примери:
Ќе се послужиме со неколку примери за илустрација.
Изрази
Го послужи среќата - кога сѐ му оди како што треба, кога среќата му е наклонета.
Изведенки
1. послужува несв.
(се) послужуваат
2. послужување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи