а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

после

попосле
Вид збор: Прилог
1. Потоа, по некое време.
Англиски: afterwards
Примери:
Се напи од водичката, а после го извади кавалчето и почна да свири.
После, постепено и полека, почна да го обзема радост.
После со оној свој бавен чекор отиде до својот шатор.
2. Во набројување - понатаму.
Англиски: further
Примери:
Прво бил учител во охридското село Белица, а после во Охрид.
3. По претходно кажаното, стореното.
Англиски: then
Примери:
Кажи после тоа дека немам право!
Да не избрзаш, после тоа ќе ти биде криво.
4. Освен тоа, покрај тоа.
Англиски: besides
Примери:
После и не сакам да те навлечам во некоја непријатност под стари години.
5. За засилување на предлогот „по“ во временска употреба.
Англиски: after
Примери:
По еден саат после тој му го изложил своето решение.
6. Како компаратив - попосле, малку подоцна.
Англиски: later
Примери:
Попосле се дозна сè.
Сега или попосле, неговата мисла мораше да стигне до нив.
7. Како суперлатив - најпосле, на крајот, конечно.
Англиски: finally
Примери:
Тој најпосле претпазливо ја отвори вратата.
Најпосле се согласиле некако.
8. При набројување - сосема на крај, последно.
Англиски: least
Примери:
Тој му ги гледаше плеќите, потоа клашените бечви и најпосле опинците.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи