а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

поскоро

Вид збор: Прилог
1. Компаратив од скоро.
Англиски: faster
Примери:
Затоа нам ни треба нов стан, час поскоро.
Брзав да се оддалечам што поскоро од овој град.
Сакаше поскоро сѐ да сврши, отколку да одлага многу-многу.
Ајде поскоро!
Колку (што) може поскоро.
2. Давање предност на едно наспрема друго.
Англиски: more
Примери:
За мене тоа е поскоро успех одошто неуспех.
Тоа беше поскоро среќа отколку нешто друго.
Поскоро вие имате зошто да се плашите од мене.
3. поверојатно, поточно
Англиски: sooner
Примери:
Поскоро ќе умрам отколку да го гледам тоа.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи