а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

посипе

посипат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Со сипење прекрие некаква површина со нешто што се сипе (шеќер, брашно, песок).
Англиски: spread Албански: shtrij, hedh
Примери:
Дворот беше посипан со ситен дробен камен.
Кифличките ги посипа со шеќер.
Патеката ја посипа со ситен чакал.
2. Полие со течност, потури.
Англиски: pour Албански: stërpikë
Примери:
Жената ја подигна кофата и му посипа вода за да се измие.
3. (се посипе) се потури
Англиски: pour Албански: derdh
Примери:
Се посипа со вода за да се освежи.
4. (се посипе) Густо или делумно се прекрие со нешто.
Англиски: cover Албански: mbuloj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Небото се посипа со ѕвезди.
Челото му се посипа со капки пот.
Изрази
(пејор.) Се посипа со пепел - се покае, јавно признае (обично неискрено, лицемерно) вина за нешто.
Изведенки
1. посипува несв.
(се) посипуваат
2. посипување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи