а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

посети

посетат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Отиде кај некого на видување, на разговор.
Англиски: visit Албански: vizitoj
Примери:
Утредента тие ги посетија своите роднини.
Новинарите побараа дозвола да те посетат и лично да разговараат со тебе.
2. Отиде некаде, отиде да види некоја знаменитост или некое место.
Англиски: visit Албански: vizitoj
Примери:
Тие го посетија родниот крај.
Учесниците го посетија Музејот на Македонија.
3. За настан, состојба - дојде, настапи, се појави, настана.
Англиски: visit Албански: vizitoj, vij
Употреба: Книжевен збор , Преносно значење , Ретко
Примери:
Но од кога знаел тој патник кога ќе го посети смртта.
Бргу го посети сонот.
4. Пребара, види на Интернет некаква содржина.
Англиски: visit Албански: vizitoj
Употреба: Информатика
Примери:
За повеќе информации посетете ја нашата веб-страница.
Изведенки
посетување ср.
мн. посетувања
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи