а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

посета

мн. посети
Вид збор: Именка, женски род
1. Одење кај некого на гости, на видување, на разговор.
Англиски: visit Албански: vizitë
Примери:
Тој се сеќаваше на нејзините ретки, краткотрајни посети.
Во себе ја нагаѓам причината за оваа ненадејна посета.
2. Одење за да се види некоја знаменитост или некое место.
Англиски: sightseeing Албански: vizitë
Примери:
Тоа беше неговата прва посета во Виена.
За учениците беше оранизирана посета на манастирот.
3. Одење на делегација, на претставници на власт, установа, организација на средба од службени потреби.
Англиски: visit Албански: vizitë
Примери:
Официјална посета.
Државна посета.
Службена посета.
Работна посета.
4. Редовен лекарски преглед на болен.
Англиски: visitatation Албански: vizitë
Употреба: Медицина
Примери:
Лекарска посета.
Изрази
Домашна посета - лекарски преглед во домот на болниот.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи