а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

посее

посеат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Засее, фрли семе да никне.
Англиски: sow Албански: mbjell
Употреба: Земјоделство
Примери:
Верувајте, дури ни жито годинава не посеав.
Задутре нивата сигурно ќе биде посеана.
2. Со сеење (низ сито, решето) пречисти мало количество од нешто што се сее (брашно, жито, песок).
Англиски: sieve Албански: sit
3. Внесе, рашири меѓу луѓето нешто (идеи, гласови; смут, раздор).
Англиски: sow Албански: mbjelli
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој посеал раздор меѓу луѓето.
4. Изгуби нешто.
Англиски: lose Албански: humb
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Тогаш виде дека клучевите ги посеал некаде по пат.
5. Сее малку, кратко време.
Англиски: sow Албански: sit
Употреба: Земјоделство
Изрази
(посл.) Што си посеал, тоа ќе ти никне.
(посл.) Што ќе посееш, тоа ќе си жнееш.
Изведенки
1. посева несв.
посеваат
2. посевање ср.
глаг. им.
3. посејува несв.
посејуваат
4. посејување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи