а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

посвети

посветат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Се предаде, оддели целосно внимание на некого или нешто, на некаква дејност.
Англиски: dedicate Албански: dedikoj
Примери:
Сиот свој живот го посветил на згрижување на децата.
Целиот утрешен ден ќе го посветам на посети.
2. Направи нешто, некоја содржина, предмет на проучување, разгледување, оценка.
Англиски: dedicate Албански: dedikoj
Примери:
Неколку предавања ѝ беа посветени на македонската литература.
3. Намени книга, творба некому во знак на почит, љубов, благодарност.
Англиски: dedicate Албански: dedikoj
Примери:
Својата книга им ја посвети на најблиските.
4. Упати некого во нешто тајно.
Англиски: introduce Албански: fus
Примери:
Старецот ги посветил во својата тајна.
5. (се посвети) Се оддаде, се предаде целосно на некого или на нешто.
Англиски: dedicate Албански: përkushtoj
Примери:
Ако повеќе се посветевме на нашите задачи, и економските резултати ќе дојдеа.
Неговиот брат се беше посветил на науката.
Сега можам да одберам работа и да се посветам на неа.
6. Изврши црковен обред на осветување.
Англиски: consecrate Албански: shenjtëroj
Употреба: Црковен термин
7. Воведе во некаков сталеж, чин вршејќи утврден обред.
Англиски: initiate Албански: nis
Примери:
Изутрината ќе се извршат потребните обреди за да биде посветен во витешко звање.
8. (се посвети) Стане светец.
Албански: shenjtërohet
Употреба: Црковен термин
9. Свети малку, некое време.
Англиски: illuminate
Примери:
Посвети ми да отклучам.
Изведенки
1. посветува несв.
(се) посветуваат
2. посветување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи