а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

посака

посакаат; посакале; посакан
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1391
1. Замоли некого, побара некому нешто.
Англиски: ask Албански: kërkoj
Примери:
Тие му посакаа петстотини лири.
Парохот ги посака од внуката клучевите од собата.
2. Има, покаже, изрази желба нешто да оствари, да има.
Англиски: desire Албански: dëshiroj
Примери:
Секогаш го постигнува тоа што ќе го посака.
Тој посака да ја види.
3. Изрази добри желби некому.
Англиски: wish Албански: dëshiroj
Примери:
Тие му посакаа успех во работата.
4. Побара рака на девојка за себе или за некој друг.
Англиски: ask Албански: kërkoj
Примери:
Неа ја промажи набрзина, за првиот човек што дојде да ја посака.
Изведенки
1. посакува несв.
посакуваат
2. посакување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК