а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

порој

мн. порои
Вид збор: Именка, машки род
1. Силен поток, надојдена вода што тече по пороен дожд или при нагло топење на снегот.
Англиски: torrent Албански: përrua
Употреба: Географија
Примери:
Поројот што мина е со доволна сила и дрво да откорне.
Главниот град го погоди силно невреме кое предизвика воден порој на улиците.
2. (само едн.) силен дожд
Англиски: thundershower Албански: rrëke
Примери:
Порој, громови и град го сардисаа Велес.
3. Голема количина, мноштво од луѓе или друго во движење.
Англиски: torrent Албански: turmë
Употреба: Преносно значење
Примери:
порој од зборови
порој од солзи
Порој од луѓе одеше по улиците.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи