а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

породи

породат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Укаже помош при раѓање.
Албански: ndihmë gjatë lindjes
Употреба: Медицина
Примери:
Бабицата ја породи.
2. предизвика, создаде, причини
Англиски: create Албански: krijoj
Употреба: Книжевен збор , Преносно значење
Примери:
Најважно е како се чита книгата и какви чувства и мисли породила таа кај нив.
3. (се породи) За жена - роди, добие дете.
Англиски: bear Албански: lind
Употреба: Медицина
Примери:
Таа се породи.
4. (се породи) Настане, се создаде.
Англиски: create Албански: lind, krijohet
Употреба: Книжевен збор , Преносно значење
Примери:
Секакви сомненија ќе се породат кај луѓето.
Изведенки
1. породува несв.
(се) породуваат
2. породување ср.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи