а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

порив

мн. пориви
Вид збор: Именка, машки род
1. Силна желба, стремеж да се направи, да се изврши нешто.
Англиски: urge Албански: nxitje, shtytje
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Кај него поривот, болката, и подвигот сублимираат во песната.
Музиката будеше во него младешки пориви.
Творечки порив.
Уметнички порив.
Во него имаше надеж и човечки незапирлив порив кон иднината.
2. Силно изразување на некакво чувство, расположение и сл.
Англиски: impulse Албански: impuls, shtytje
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Тој бил преполн со чист порив на љубов.
Емоционален порив.
3. инстинкт, нагон
Англиски: instinct Албански: instikt, prirje
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Природен порив.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи