а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

порасчисти

порасчистат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Расчисти, очисти нешто малку, донекаде.
Англиски: tidy Албански: pastroj
Примери:
Таа ја порасчисти куќата.
2. За облаци, магла - расчисти, растера малку, донекаде.
Англиски: clear up Албански: pastroj, çiltërsoj
Примери:
Ветрот ги порасчисти облаците.
3. Отстрани пречки, ослободи малку, донекаде.
Англиски: unblock Албански: hap, zhbllokoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тоа му го порасчисти патот за напредок во кариерата.
4. За поими, сметки, прашања - разјасни, разбистри малку, донекаде.
Англиски: settle Албански: rregulloj, paguaj, shlyej
Примери:
На состанокот тие ги порасчистија спорните прашања.
Изведенки
порасчистува несв.
порасчистуваат
FlexiMac
 менување на македонски глаголи