а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

порасне

пораснат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Стане голем, висок по раст.
Англиски: grow up Албански: rritet
Примери:
Тој порасна, се извиши и стана голем колку една топола.
2. Достигне зрелост; стане голем на врст.
Англиски: mature Албански: piqem
Примери:
Taа уште не беше сакала никого, а веќе беше порасната.
Моите беа имотни и кога пораснав, се школував во голем град.
3. Помине детство, момчештво некаде или во определено окружување, услови.
Албански: fëmijrinë
Примери:
Јас сум в чаршија пораснат.
4. За брада, коса, растение - никне, расне.
Англиски: grow Албански: rritet
Примери:
Брадата ми пораснала, треба да одам на бербер.
Пролетта пораснала убава и зелена трева.
5. Се наголеми, нарасне по број, степен или интензитет.
Англиски: increase Албански: zmadhoj
Примери:
Вардар, по обилните дождови, многу пораснал.
Борбената свест во нашите широки народни маси порасна.
Кога тргнаа претпазливо низ шумата, стравот порасна.
6. Добие поголема вредност, се издигне.
Албански: zhvilloj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Неговиот авторитет порасна по првите објавени написи во весникот.
7. Одгледа некого до израснување.
Англиски: raise Албански: ngre
Примери:
Ги изгледавме децата, ги пораснавме.
Изрази
Голем(а) да пораснеш - при искажување благодарност кон дете.
Крила му пораснаа - започне нешто со голем полет, занес, одушевување.
Му пораснаа акциите - добие голема важност, заземе висока положба, функција.
Порасне во нечии очи - стекне голема важност, углед кај некого.
Изведенки
1. пораснува несв.
пораснуваат
2. пораснување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи