а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

поразлади

поразладат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Разлади, истине малку, во некој степен.
Англиски: cool off Албански: ftohet pak
Примери:
Го поразлади млекото и го сипа во шолјата.
2. Олади, освежи малку.
Англиски: cool off Албански: ftohet, freskohet
Примери:
Ладната вода му ја поразлади снагата.
3. (се поразлади) Стане малку поладно.
Англиски: cool off Албански: ftohet, freskohet
Примери:
Дуваше силен ветер и времето се поразлади.
4. (се поразлади) Се освежи малку, во некоја мера.
Англиски: cool off Албански: ftohet pak
Примери:
Кога стигнавме дома, се измивме и се поразладивме.
Изведенки
поразладува несв.
(се) поразладуваат
FlexiMac
 менување на македонски глаголи