а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пораздели

поразделат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Раздели, подели нешто во некоја мера, во некој степен.
Англиски: separate Албански: ndaj
Примери:
Тренерот ги пораздели играчите во групи.
2. Распредели, даде секому по дел (наследство).
Англиски: divide Албански: përçaj
Употреба: Разговорно
Примери:
Тој им ја пораздели нивата на синовите.
3. Оддели малку еден од друг, раздвои во некој степен.
Англиски: separate Албански: ndaj
Примери:
Никој не можеше да ги пораздели скараните.
4. Разедини малку, во некој степен.
Англиски: divide Албански: përçaj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Постојано се обидуваше да ги пораздели членовите на групата.
5. (се пораздели) Се раздели, се радвои малку, во некој степен.
Англиски: separate Албански: ndaj
Примери:
По школувањето, групата се пораздели.
Изведенки
поразделува несв.
(се) поразделуваат
FlexiMac
 менување на македонски глаголи