а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пораздвижи

пораздвижат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Раздвижи нешто малку, донекаде или уште малку.
Англиски: move Албански: lëvizë pak
Примери:
Стана да ги пораздвижи нозете.
2. Вознемири, разбранува малку, во некој степен.
Англиски: alarm Албански: shqetësoj pak
Употреба: Преносно значење
Примери:
Неговиот говор го пораздвижи мислењето на членовите.
3. (се пораздвижи) Се раздвижи малку, донекаде или уште малку.
Англиски: move Албански: lëviz pak
Примери:
Доста седиш, треба да се пораздвижиш малку.
Луѓето се пораздвижија и пак занемеа од изненадата.
Изведенки
пораздвижува несв.
(се) пораздвижуваат
FlexiMac
 менување на македонски глаголи