а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

попушти

попуштат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Направи нешто да стане полабаво, помалку затегнато.
Англиски: loosen Албански: liroj
Примери:
Ѝ попушти стисокот на рацете, се олабави.
Тој го попушти ременот на панталоните.
Го попуштив јажето, па го притегнав.
2. Изгуби цврстина, престане да држи.
Англиски: give way Албански: liroj
Примери:
Ѕидовите попуштија.
Пукна и попушти гранката под него.
Гнилите штици попуштија под тежината.
3. Стане помалку крут.
Англиски: soften Албански: zbutet
Примери:
Мораше да ги разгази чевлите за да попуштат.
4. Намали во интензитет, во силина.
Англиски: soften Албански: zbutet
Примери:
Вечерта запурнината попушти.
Зимата одамна попушти.
Стравот попушти, веселба го замени.
Напнатоста постепено попушти.
5. Престане да се противи, отстапи од нешто.
Англиски: yield Албански: dorzoj
Примери:
Мислеше дека е поумно малку да попушти.
Паметниот попушта.
6. Изгуби строгост, стане поблаг.
Англиски: give in Албански: zbutet
Примери:
Наставникот му попушти при оценувањето.
7. Стане физички послаб, изгуби свежина.
Англиски: weaken Албански: vyshket
Примери:
Со годините ослабел, побелел, попуштил.
Постепено болките ѝ попуштија.
8. Намали во цена, даде попуст од цената.
Англиски: drop Албански: liron
Примери:
Тој се обидуваше да ја намали цената, но бабата не попушти ни за грош.
Утре кога ќе се пазарат, тој може да му попушти на цената.
9. Покаже послаб успех од очекуваното.
Албански: dobët
Примери:
Оваа година попушти во учењето.
10. Направи нешто да биде поголемо, пошироко.
Англиски: let Албански: lejon
Примери:
Мајсторот ја попушти терасата за два метра.
При кроењето попушти пет сантиметри за рабовите.
Изведенки
1. попушта несв.
попуштаат
2. попуштање ср.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи