а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

поприбере

поприберат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Присобере нешто што е расфрлано и го стави на место.
Англиски: collect Албански: mbledh
Примери:
Таа ги поприбра расфрланите алишта.
2. Собере и понесе нешто со себе.
Англиски: collect Албански: mbledh
Примери:
Трговецот ја поприбра стоката и си замина.
3. Присобере уште малку (податок, материјал).
Англиски: gather Албански: mbledh
Примери:
Треба да се поприберат уште некои документи.
4. Стави нешто на скришно место.
Англиски: hide Албански: fsheftas
Примери:
Поприбери ги париве некаде да не ги види.
5. Доведе малку во ред.
Англиски: tidy up Албански: drejtoj
Примери:
Застана пред огледалото да ја поприбере косата.
6. За раце, нозе - собере, повлече малку кон себе
Англиски: gather Албански: mbledh
Примери:
Поприбери ги нозете да не те згазнам.
7. Доведе, прими некого во својот дом на краток период, на некое време.
Англиски: bring home Албански: marr
Примери:
Таа излезе да ги поприбере децата.
Тој чини поприбери го за некој ден кај себе и пак исфрли го.
8. Собере малку, донекаде.
Англиски: recover Албански: mbledh
Примери:
Откако поприбравме сили, ги нападнавме.
9. Дојде малку на себе, среди малку мисли, чувства.
Англиски: recover Албански: erdh
Употреба: Преносно значење
Примери:
Откако ги поприбра своите мисли, донесе решение.
10. (се поприбере) За тело - се повлече малку.
Англиски: collect Албански: tërheq
Примери:
Поприбери се малку, да поминам.
11. (се поприбере) Се вразуми, се опамети малку.
Англиски: come to senses Албански: këshilloj
Примери:
Откако се ожени, се поприбра.
12. (се поприбере) Дојде малку на себе, се смири.
Англиски: calm down Албански: këshilloj
Примери:
Откако се поприбра, тој им раскажа сè.
Изведенки
поприберува несв.
(се) поприберуваат
FlexiMac
 менување на македонски глаголи