а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

попретовари

попретоварат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Натовари малку повеќе одошто може или треба.
Англиски: overload
Примери:
Тој го попретовари магарето и тоа едвај се движеше.
2. Натовари, оптовари некого со поголеми должности.
Англиски: overload
Употреба: Преносно значење
Примери:
Во тој период се беше попретоварил со голем број задолженија.
3. (се попретовари) Се претовари со работа и сл. малку повеќе одошто може или треба.
Англиски: overload
Изведенки
1. попретовара несв.
(се) попретовараат
2. попретоварува несв.
(се) попретоваруваат
FlexiMac
 менување на македонски глаголи