а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

попоткрепи

попоткрепат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Поткрепи малку, до определен степен.
Англиски: support
Примери:
Оградата ја попоткрепи со една талпа.
2. Поткрене, ободри малку.
Англиски: encourage
Примери:
Силниот аплауз го попоткрепи и тој започна да свири.
3. (се попоткрепи) Се поткрепи малку, до определен степен.
Англиски: strengthen
Примери:
Одеднаш се затетерави, но успеа да се попоткрепи на столот.
4. (се попоткрепи) Се поткрене зајакне малку, материјално.
Англиски: strengthen
Примери:
Со помошта на семејството тој се попоткрепи.
Изведенки
попоткрепува несв.
(се) попоткрепуваат
FlexiMac
 менување на македонски глаголи