а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

попари

попарат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Потури со врела вода.
Англиски: boil out Албански: përvëloj
Примери:
Ја попарија волната и ги зедоа гребените.
Жешки капки ја попарија по раката.
2. За слана - уништи растение.
Англиски: burn Албански: përvëloj, djegë
Употреба: Ботаника
Примери:
Зелената трева ја попари слана.
3. Предизвика тага, болка некому; уништи желба, надеж некому.
Англиски: shock Албански: goditje, përvëlim
Употреба: Преносно значење
Примери:
Нејзините зборови го попарија.
4. (се попари) Се потури, се изгори со врела вода.
Англиски: boil out Албански: përvëloj
5. (се попари) Стана тажен, уништен од нешто.
Англиски: shock Албански: i përvëluar, i shkretuar
Употреба: Преносно значење
Примери:
Луѓето беа попарени од таа вест.
Изрази
(посл.) Кој се попарил од пресно млеко, дува и на матеница.
Изведенки
1. попарува несв.
(се) попаруваат
2. попарување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи