а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

попадне

попаднат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Се најде во некакво место, во некаква ситуација.
Англиски: fall into Албански: bie në
Употреба: Книжевен збор
Примери:
Таа беше попаднала во некаков тивок очај.
Се чудеше како можело ковчежето да попадне во наши раце.
2. Падне малку, донекаде.
Англиски: fall Албански: bie deri diku
Примери:
По црните коси попаднала жолтата прав од расцутената царевка.
3. За множество - попаднат со ред, до еден.
Англиски: fall Албански: bien, derdhen
Примери:
Попаднаа од смеа.
4. Дојде, се најде некаде.
Албански: erdhi
Употреба: Народна поезија
Примери:
Попаднала црна Арапина, попаднала солунски ливаѓе, ми удрила белана чадара.
Изведенки
попаѓа несв.
попаѓаат
FlexiMac
 менување на македонски глаголи