а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пооткрие

пооткријат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Открие малку, донекаде нешто што е покриено со покривач и сл.
Англиски: uncover Албански: zbuloj
Примери:
Собата беше топла и таа го пооткри детето.
2. Открие, довери малку, донекаде некому нешто тајно, скриено.
Англиски: reveal Албански: zbuloj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Таа му ги пооткри своите намери.
3. Открие малку, донекаде нешто дотогаш незабележано.
Англиски: discover Албански: zbuloj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Дури сега го пооткрив квалитетот на тие производи.
4. (се пооткрие) Се открие, истави покривач од себеси.
Англиски: uncover Албански: zbuloj
Примери:
Како што спиел, се пооткрил до половината.
5. (се пооткрие) Се открие, се довери некому.
Англиски: disclose Албански: zbuloj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тогаш тие се пооткрија во своите намери.
Изведенки
пооткрива несв.
(се) пооткриваат
FlexiMac
 менување на македонски глаголи