а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

поослободи

поослободат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Ослободи донекаде некого или нешто од оној или од она што врзува, држи, притиска и сл.
Англиски: free Албански: liroj
Примери:
Кога ги поослободи рацете од тешкиот товар, му олесна.
2. Ослободи донекаде од обврска, должност, обвинение и сл.
Англиски: free Албански: liroj
Примери:
Летото тој го поослободи од работните обврски.
3. Направи некој донекаде слободен, охрабри некого.
Англиски: encourage Албански: çliroj
Примери:
Тој се заври за да ги поослободи од чувството дека им се вмешува во разговорот.
4. (се поослободи) Се ослободи донекаде од некого или од нешто што држи, врзува, притиска и сл.
Англиски: free Албански: liroj
Примери:
По разговорот тој се поослободи од грижите што го притискаа.
5. (се поослободи) Се ослободи донекаде од обврска, должност, одговорност и сл.
Англиски: free Албански: liroj
Примери:
Откако дојде новиот колега, тој се поослободи од должностите.
6. (се поослободи) Се чувствува донекаде слободен, се охрабри.
Англиски: encourage Албански: inkurajoj
Примери:
По неколку случајни средби, момчето се поослободи да ја покани на забавата.
Изведенки
поослободува несв.
поослободуваат
FlexiMac
 менување на македонски глаголи