а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

поослаби

поослабат; поослабете; поослабев, поослабеа; поослабел; (го) поослабив, (го) поослабија; (го) поослабил; поослабен
Вид збор: Глагол, свршен
1. Ослаби малку донекаде.
Англиски: lose weight Албански: humbë peshë
Примери:
Таа поослаби летово.
2. Загуби донекаде острина.
Англиски: weaken Албански: dobësoj
Примери:
Со годините видот му поослабе.
3. Се намали донекаде во силата, во степенот на појавување.
Англиски: weaken Албански: dobësoj
4. Ослаби, попушти донекаде.
Англиски: weaken Албански: dobësoj
Примери:
Нивните врски поослабеа.
5. Ослаби, намали донекаде силина на некого или на нешто.
Англиски: weaken Албански: dobësoj
Примери:
Несогласиците ја поослабија нашата организација.
Изведенки
поослабува несв.
поослабуваат
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК