а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пооддалечи

(се) пооддалечат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Движејќи отиде малку подалеку, се оддалечи на определено растојание.
Англиски: distance Албански: largoj, distancoj
Примери:
Тој беше се пооддалечил повеќе од стотина метри.
2. Престане да биде близок со некого, се отуѓи малку.
Англиски: distance Албански: largohem, distancohem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Не излегуваше толку често и се пооддалечи од другарите.
Изведенки
пооддалечува несв.
(се) пооддалечуваат
FlexiMac
 менување на македонски глаголи